Зеленски: Оваа борба ќе одреди во каков свет ќе живеат нашите деца и внуци, дали ќе биде тоа демократија за сите
По средбата со претседателот на САД, Џо Бајден, украинскиот претседател Володимир Зеленски дојде во Капитолот да одржи говор пред двата дома на американскиот Конгрес.
Укажувајќи дека му е голема чест што настапува во Конгресот, тој посочи дека со оглед на големата поддршка на украинските пријатели и партнери, пред сè на САД, на военото поле Украина веќе извојувала победа над Русија.
-Тоа е битка не само за територија, за овие или оние делови на Европа. Се води битка не само за животот, слободата и безбедноста на Украинците или за секоја друга земја во светот која Русија сака да ја завојува. Оваа борба ќе одреди во каков свет ќе живеат нашите деца и внуци, ќе одреди ќе биде ли тоа демократија за Украинците, за Американците, за сите, рече Зеленски.
Тој уште еднаш потсети дека пред да дојде во Вашинтон, тој го посетил Бахмут, град-тврдина во Донбас, кој продолжува со херојската одбрана против руската агресија. Во тој момент кога го кажа ова, законодавците во Конгресот станаа аплаудирајќи му на гостинот.
Тој призна дека Русите имаат предимство во артилеријата, во муницијата и во ракетите со голем дострел.
-Тие уриваат сè наоколу, но Украинците ќе ги задржат своите граници и никогаш нема да се предадат, рече Зеленски.
Изрази уверување дека американските ракетен систем „Патриот“ ќе помогне во заштита на украинското небо и градови. Тој исто така истакна дека не треба да се дозволи „еден терорист да му помага на друг“, со оглед на тоа како Иран и помага на Русија со снабдување на дронови.
-Украина никогаш не побара американски војници да војуваат на нашата земја наместо нас. Ве уверувам дека украинските војници се способни сами да ракуваат со американските тенкови и авиони.
Актуелната помош за Украина, истакна тој, „не е добродетелство, а инвестиции во глобалната безбедност и демократија“.
Зеленски кажа и дека украинскиот народ сака мир, но праведен мир, а „праведниот мир е суверенитет и територијален интегритет на Украина“.
-На Божиќ, милиони Украинци можеби нема да имаат струја и вода, но Украинците нема да се жалат, нивната цел е достоинствено и со чест да ја продолжат борбата, посочи тој.
При крајот на својот говор, Зеленски уште еднаш се заблагодари на сите законодавци, и лично на претседателот на САД, но и на секое американско семејство за помошта во борбата на Украина, и на раководството на Конгресот му подари украинско национално знаме – подарок од украинските воини кои го заштитуваат Бахмут.
-Ова знаме е симбол на победата во таа војна. Ги држиме редовите, се бориме и ќе победиме затоа што сме обединети – Украина, Америка и целиот слободен свет, рече Зеленски во заклучок на својот говор, пожелувајќи на сите „нова година на победи“.
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
