Зеленски и Трамп денеска ќе се сретнат во Њујорк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Њујорк, а ќе учествува и на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, на состанокот на меѓународната коалиција за враќање на украинските деца однесени во Русија, како и на голем број билатерални состаноци, објави Укринформ.
Според дописникот на украинската новинска агенција од Њујорк, се очекува Зеленски да присуствува и на отворањето на Општата политичка дебата во рамките на јубилејната 80-та сесија на Генералното собрание на ОН во американската метропола.
На состанокот на коалицијата за украинските деца ќе присуствува и првата дама на Украина – Олена Зеленска. Покрај украинскиот претседател, на форумот се очекува да зборува и канадскиот премиер Марк Карни.
Зеленски денеска има планирана средба и со претседателката на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок, поранешна министерка за надворешни работи на Германија, додава Укринформ.
МИА
Ново на Сител
-

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
-

Мицкоски на промоција на Националната стратегија СМАРТ/МК 2030
-

Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот Браун пронајден мртов
-

Путин ќе ја оддржи годишната прес конференција, Русите му подготвија два милиона прашања
-

Без струја неколку улици во Ѓорче Петров
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
