Зеленски: Андриј Јермак поднесе оставка

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, поднел оставка.
Зеленски изјави дека не сака никој да поставува прашања за Украина и затоа денеска ќе бидат донесени некои внатрешни одлуки.
„Кабинетот на претседателот на Украина ќе назначи ново лице за шеф на кабинетот, Андриј Јермак, ја потпиша својата оставка“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Интерфакс Украина.
Претседателот му се заблагодари на Јермак за неговата досегашна работа и рече дека утре ќе одржи консултации за тоа кој би можел да биде новиот шеф на неговиот кабинет, пренесува Униан.
Украинските антикорупциски власти утринава влегоа и ја претресоа куќата на Андриј Јермак, шеф на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ). Според изјавата на НАБУ на Фејсбук, овие „истражни дејствија (претрес) се одобрени и се спроведуваат како дел од истрагата“.
На 10 ноември, НАБУ и САП ги објавија резултатите од истрагата за корупција во украинскиот енергетски сектор, која беше наречена „Мидас“.
Документирани се активностите на високо рангирана криминална организација, чии учесници изградија голема корупциска шема за да влијаат врз стратешките претпријатија од државниот сектор, особено врз „Енергоатом“.
Според истрагата, неколку украински функционери биле вклучени во систематско перење пари и нелегално богатење, а шеф на шемата бил бизнисменот Тимур Миндич, поранешен деловен партнер на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Министерката за енергетика на Украина, Светлана Гринчук, и министерот за правда Херман Галушченко, поднесоа оставки откако нивните имиња се појавија во истрагата.
МИА
Ново на Сител
-

Градоначалникот, неговиот заменик и уште две лица уапсени за пожарот на грчкиот остров Парос
-

Бројот на загинати во големиот земјотрес во Јапонија се искачи на 30
-

Американскиот Црвен крст предупреди на критичен недостиг на крвни резерви во САД
-

Туск: Русија го наруши воздушниот простор на Полска при ноќешните напади врз Украина
-

Возач од Гевгелија фатен со речиси двојно поголема брзина од дозволената
-

Продолжува гаснењето на пожарите на грчките острови Крит и Лезбос
-

Ревизијата утврди недоследности во работењето на ФЗО
-

Андоновски и Ангеловски ќе ги промовираат новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
