Здраствената состојба на Абас е нормална

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска беше примен во болница во Рамалах и резултатите од испитувањето се нормални, изјави директорот на болницата Саид Сарахнех.
- Ги направивме сите неопходни тестови и сите резултати се нормални. Претседателот ќе биде пуштен од болница за два часа, истакна Сарахнех.
Палестинското претседателство соопшти дека Абас е хоспитализиран поради рутински прегледи.
- Лекарите изјавија дека здравствената состојба целосно е нормална. Сите испитувања до сега потврдуваат дека тој е во добра здраствена состојба, изјави вториот човек на Организацијата за ослободување на Палестина, Саеб Еракат.
Претходно, неименуван палестински официјален претставник изјави дека Абас (81) бил одведен во болница откако почуствувал „замор“.
Ново на Сител
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
