Заврши 9-тото издание на фестивалот ,,Пображење”- Вевчани

Синоќа на анфитеатарот во центарот на Вевчани заврши 9-тиот по ред фестивал на народна култура ,,Пображење”- Вевчани.
На завршната вечер со своја целовечерна програма се претставија членовите на Вокално -инструменталниот состав ,,Аманет” од Скопје, а дел од народната култура на Хрватска презентираа и членовите на фолклорниот ансамбал при центарот за традиционална култура од Вараждин.

Во рамките на програмата беше промовирано и ликовното дело на Аница Китаноска-Вевчанска која оваа година беше учесник на фестивалот во програмската содржина: ,,Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници”.
Стручниот совет на фестиваот: проф.др Мирјана Мирчевска, проф.др Даворин Трпевски, проф.др Велика Стојкова-Серафимовска, Јовица Блажевсли и Наташа Кукоска одлучија оваа година Плакетата ,,Чувари на традицијата” за најуспешна презентација на фестивалот да ја доделат на ВИС,, Аманет” од Скопје.

Многубројната публика со силни аплаузи ја поздрави одлуката, а уште повеќе со аплаузи ја поздравуваше секоја нивна песна и инструментална изведба.
- Многу сме задоволни од годинешното издание на фестивалот, бидејќи програмата се реализира во целост без никакви технички проблеми и пропусти, сите фестивалски вечери беа проследени од многубројна публика, имавме многу групи од различни држави кои успеавме да ги дочекаме, угостиме и испратиме среќни и задоволни и уште еднаш потврдивме дека КУД,,Дримкол” од Вевчани е достоен чувар на традицијата во нашето место и држава, секое успешно завршено фестивалско издание за нас е среќа, задоволство, но, и обврска за уште поуспешно следно издание на ФНК,,Пображење”- вели Јасмина Бебекоска, програмски координатор на фестивалот.

Овој фестивал од година во година расте и се развива, а од мината година се впиша и во календарот на ЦИОФФ.
Ново на Сител
-

Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за монетарно затегнување
-

Од утре променливо облачно со дожд, пообилни врнежи во петок
-

Артета: Гладни сме да го добиеме натпреварот за финале
-

Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во македонското првенство
-

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот
-

Прва пресуда за злоупотребите на ИПАРД – 10 месеци затвор за обвинетата што призна вина
-

Реал до крајот на сезоната без повредениот Менди
-

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година
