Завршен настан на проектот „Глувите лица – учесници во сообракајот”

Подигнување на свеста за учеството на глувите лица во сообраќајот, е целта на активностите спроведени во рамки на проектот „Глувите лица – учесници во сообракајот”!, чиј завршен настан ќе се одржи денеска во Скопје.
Проектот е поддржан од Полио плус – движење против хендикеп во рамки на проектот „Маргина обскура – прашањето на хендикеп во пристапувањето кон ЕУ”.
На завршниот настан на проектот ќе бидат презентирани резултатите од спроведено истражување, како и две видеа кои прикажуваат двете различни сценарија при учество на глуви лица во сообраќајот.
Проектот го спроведе Здружението „Европска граѓанска активност“. На завршниот настан ќе присуствуваат претставници од надлежните институции, граѓани и организации кои учествуваат во унапредување на условите и позицијата на граѓаните со оштетен слух и говор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
