Затворен аеродромот во Келн

Поради безбедносни причини денеска е затворен аеродромот во градот Келн.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, одлуката за затворање е донесена откако службите за безбедност откриле човек што се обидел да ги избегне пунктовите за проверка на патници.
Осомничениот искористил врата во близина на аеродромскиот супермаркет за да влезе во просторот од каде што патниците директно влегуваат или излегуваат на аеродромската писта, пренесуваат локалните медиуми.
Според полицијата по откривањето на засега неидентификуваното лице, аеродромот е затворен, а патниците од пет авиони кои биле подготвени за полетување на аеродромската пиита морале да се вратат во аеродромските терминали по вклучувањето на ѕвоното за тревога.
Целосно е евакуиран терминалот 1 на аеродромот „Конрад Аденауер“, по што сите патници ќе мораат да минат нови безбедносни проверки.
Аеродромот во Келн беше на листата на објекти што пред два месеци беа споменати во заканата за терористички напади објавена од членови на Исламската држава.
Ново на Сител
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
