Зардари положи заклетва за вториот претседателски мандат

Асиф Али Зардари, вдовецот на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто, денеска положи заклетва како 14-ти претседател на Пакистан.
На церемонијата во претседателската палата во Исламабад присуствуваа цивилни и воени лидери.
Зардари, потпретседателот на Пакистанската народна партија (ППП), е првиот цивил кој е реизбран за претседател за втор петгодишен мандат.
Зардари (68) ја предводеше ППП откако неговата сопруга беше убиена во бомбашки и вооружен напад во 2007 година, а тој стана претседател во 2008 година.
Новиот мандат на Зардари почнува во време на протести поради наводното местење на националните избори, што се одржаа минатиот месец, на кои ниту една партија не освои мнозинство.
Некогаш моќна функција, претседателот на Пакистан со уставните измени во 2010 година, има церемонијална улога.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
