Започнува недела на бургерите, ќе се гласа за „Најдобар бургер во Скопје“

Вкупно десет локали во Скопје, од денеска до 16 декември ќе учествуваат во „Burger Wars“, натпревар во кој победникот ќе биде прогласен за ресторан со „Најдобар бургер во Скопје“, имплементиран од Reborn.mk.
На натпреварот многу од рестораните натпреварувачи ќе нудат бургери по промотивна, намалена цена, а гостите-гласачи ќе учествуваат во наградна игра за бургер-ваучери и други награди.
Во битката за „Најдобар бургер во Скопје за 2018“ ќе учествуваат вкупно десет локали и тоа Black Yard Lounge Bar, Barbakan Bistro Bar, Brunch Box Eatery, Центар Бар, Fitness House, M’s Fish&Chips, Gastroteca Siesta, Ресоран Маџо, Rock Kafana Rustikana и Urban Burger Bar.
Натпреварот ќе се одвива во десетте ресторани одеднаш. Секој ќе може да посети и оцени само еден ресторан од листата или да ги дегустира и оцени сите.
Изборот на победникот ќе биде направен преку гласање на гостите во рестораните, со оценување на бургерите на скала од еден до десет и од страна на четиричленото жири составено од Гоце САФ, Софка Камилоска, Бобан Симоновски и Моника Потер.
Секој кој ќе нарача бургер во рестораните-учесници ќе добие ливче за гласање на кое ќе може да го оцени бургерот на скала од еден до десет. При гласањето, на истото тоа ливче ќе му биде прикачена фискалната сметка. Ливчињата без прикачена фискална сметка ќе бидат земени за неважечки.
При пополнувањето на гласачкото ливче, секој што ќе го остави својот имејл контакт, автоматски ќе учествува во наградна игра за бургер-ваучери во рестораните учесници и други награди. Дополнително, за време на настанот, повеќето од рестораните ќе ги нудат бургерите по промотивна, намалена цена.
Ресторанот победник на „Burger Wars“ натпреварот ќе биде прогласен на 18 декември 2018, а истовремено ќе бидат прогласени и гласачите добитници на награди.
Ново на Сител
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
-

Две лица во притвор поврзани со заплената на 5 тони марихуана во Србија
-

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
-

Отповикана утрешната расправа за „Пулс“ заради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите
-

Приведен државјанин на САД во Тиквешко, одбил да приложи лична идентификација и нападнал полицајци
