Започна изградбата на десетина улици во Кочани
Во Кочани започнаа градежни активности за асфалтирање на десетина улици, што се дел од Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици за 2018 година. Во наредниот период целосно ќе се завршат улиците „Вера Которка“ - крак 2, 3 и 5, „Карпошово востание“, „АСНОМ“, „Скопска“, „Петар Синадинов“ и „555“ во населбата Прокарка.
Во моментот се реконструира водоводната мрежа на два крака од улицата „Стамен Манов“ во Ромското маало, по што ќе следи и асфалтирање.
Вкупната сума што ќе се потроши за изградба на сообраќајниците изнесува околу 30 милиони денари, а по завршувањето на тендерските постапки постигнати се пониски цени за околу 6 милиони денари.
Од Општина Кочани велат дека со заштедентие пари е овозможено да се асфалтираат и улиците „Кресненско востание“ во Усова Чешма и „Новопроектирана“ во Лесна индустрија, за што ќе бидат наменети 5 милиони денари. За проектирање на нови улици ќе се потрошат еден милион денари.
Во претстојниот период ќе се асфалтираат улици и во селата Горни Подлог, Долни Подлог, Прибачево, Грдовци, крак на улицата „Маршал Тито“ во селото Мојанци и во Тркање, а ќе се работи и на пробивање и тампонирање на други улици како подготовка за нивно асфалтирање.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
