Запленети 68,5 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Околу 68,5 килограми марихуана пронајдоа царинските инспектори на граничниот премин Блаце, при контрола на комбе во специјално направен бункер.
Како што соопшти Царинската управа, завчера околу 22:30 часот на Блаце на влез во Република Македонија било запрено комбинирано комбе (патничко-товарно) со хрватски регистарски ознаки, управувано од Б.К., хрватски државјанин. При преглед на возилото со царинско куче и рачен скенер, помеѓу задните седишта и делот наменет за товар, бил пронајден специјално направен бункер. Во бункерот биле сместени 39 опаковки со различна големина обвиткани со стреч фолија исполнети со марихуана со вкупна тежина од околу 68,5 килограми.
Осомничениот Б.К. изјавил дека дрогата ја набавил од лице од Р. Албанија со намера да ја транспортира преку Македонија со крајна дестинација Германија, а за пренесувањето на марихуаната требал да добие парична награда. Цената на западноевропскиот пазар за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 200.000 евра, додека во малопродажба може да биде и двојно поголема.
Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен судија на претходна постапка.
Ново на Сител
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
