Запален продолжен кабел го предизвикал пожарот во тетовската модуларна болница
Јавното обвинителство објави што го предизвикало пожарот во тетовската болница во кој жиуви изгореа 14 лица. Според извештајот на крим техничарите на МВР, пожарот бил предизвикан од запален продлжен кабел на кој бил приклучен дефибрилатор.
Со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, се вели во соопшштението на Јавното обвинителство.
По воочена појава на пламен, пишуваат од Обвинителството, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар. Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период.
Кон ова, како што наведуваат во писменото соопштение од Јавното обвинителство, придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот.
Ова вештачење е само еден од досега обезбедените докази. Се очекува во Основното јавно обвинителство Тетово да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Република Германија. Едновремено, обвинителството и натаму интензивно постапува по предметот и се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот, појаснуваат од државното обвинителство.
По прибирање на сите вербални и материјални докази, по нивно разгледување и анализа, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

„Пуштете го, ние ќе му пресудиме”, родителите жестоко реагираа на барањето за домашен притвор на сопственикот на „Пулс“
-

Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува систем на отпорност и во приватниот сектор - обврските се заеднички
-

Најголем дел од жртвите во „Пулс“ се задушиле од јаглероден моноксид, дел починале од згмечување во стампедото
-

Македонското еколошко друштво ќе спроведува европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион
-

Пронајдени човечки стапалки стари 115.000 години
-

Научно истражување: Птиците имаат способност да го видат магнетното поле
-

Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех
-

Кралот Чарлс Трети денеска ќе се обрати пред пратениците во американскиот Конгрес
