Занаетчиите против минималец од 600 евра – ќе има отпуштања и клуч на врата
Занаетчиите против минамалец од 600 евра. Зголемувањето за 12.000 денари наеднаш ќе придизвика бран отпуштања и клуч на врата на голем дел дуќани, велат од Комората на занаетчии. Апелираат за реален и одржлив пристап при носењето одлуки за висината на минималната плата, затоа што опстанокот им е доведен во прашање.
- Занаетчискиот сектор не може да го издржи ова темпо на континуирано зголемување на трошоците. Особено треба да се земе предвид состојбата на занаетчиите што работат во помалите градови и руралните средини, каде што постои голема миграција и значително помала потрошувачка на занаетчиски производи и услуги. За да опстанат и да ја зачуваат ликвидноста, занаетчиите ќе бидат принудени да ги зголемат цените, што дополнително ќе ја намали побарувачката и ќе доведе до затворање голем број занаетчиски бизниси – рече на прес-конференција претседателот на Занаетчиската комора – Скопје, Горан Ристовски.
Занаетчиите сметат дека зголемувањето на минималецот треба да биде согласно законот, а не како што бара синдикатот. Ако скокне за 200 евра, придонсите за еден работниќ ќе се зголемат за уште 100, што е сериозен удар и врз оние кои плаќаат паушален данок и врз занаетите кои плаќаат данок по реално остварен доход
- Тоа значи дека доолнителни 300 евра ќе не чини еден работник. Ако имаме тројца вработени, месечно се 1,000 евра. Каде да ги најдаме? Ќе мора да ги зголемиме цените, да отпушаме вработени, а дел ќе затворат.
Само во Скопје има регистрирано околу 2,300 занаетчиии,а низ цела држава 8,000., кои работат во 300 дејности, како фризерски, козметичарски, кројачки салони, пекари, преработка на млеко и произвство на сирење, производство на готова храна , доставувачи доставувачи на храна, електроинсталатерски работи, поправки, бојадисување, и уште многу други.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
