Законски измени за наплата на побарувањата, бараат компаниите

Да се интервенира во Законот за извршување, конкретно во членот 211, за да можат компаниите да ги наплатат побарувањата од Република Македонија, државните органи, јавните претпријатија и општините, бара Стопанската комора на Македонија и информира дека ваквиот предлог уште денеска ќе биде доставен до Министерството за правда.
Според Комората, членот 211 дозволува прешироко толкување поради што, најчесто, Законот нееднакво важи за јавниот и за приватниот сектор. Третманот е нерамноправен, а компаниите, притоа, се во подредена позиција.
- Членот 211 всушност овозможува судот да стави забрана за повлекување на средствата на должникот под образложение дека се „неопходни“ со што се спречува нивно префрлување на доверителот, односно подмирување на долгот, истакна оперативниот директор во Стопанската комора Елена Милевска - Штрбевска.
Со ваквото лимитирање на паричните средства, дообјасни Милевска - Штрбевска, компаниите се практично оневозможени да ги наплатат своите побарувања и покрај извршна судска пресуда за тоа.
- Компаниите, од една страна, се должни да ги сревисираат сите свои долгови, а од друга, иако имаат законска можност, не можат да си ги наплатат побарувањата, напомена директорката, додавајќи дека можноста деловните субјекти да реализираат брза наплата на своите побарувања е од интерес за остварување позитивни резултати во нивното работење и подобрување на ликвидноста, а во практиката, повеќето од нив како доверители, се доведени во ситуација да не можат да ги наплатат своите побарувања.
Милевска - Штрбевска потенцира дека Комората не бара укинување на членот, ниту негово повлекување, туку дополнување и допрецизирање.
Ново на Сител
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
