Законот за употреба на јазиците помина во Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања денеска со девет гласа „за“ без и ниту еден „против“ и „воздржан“ го донесе заклучокот дека Предлог-законот за јазиците е прифатлив и да се даде на натамошна постапка.
Претходно, координаторите на четирите најголеми пратенички групи во Собранието ги дадоа своите завршни ставови за првото читање на Предлог-законот.
Координаторот на ДУИ Ејуп Аљими рече дека јазикот е природно право и припаѓа на секоја етничка заедница и дека усвојувањето на овој закон колку толку ја прифаќа фактичката реалност.
Координаторот на СДСМ Томислав Тунтев рече дека со досегашната дискусија се крева прашина во погрешен правец, се извртува вистината, не држејќи се до тоа што го пишува и треба да го претставува овој Предлог-закон.
- Она што треба да биде работа околу што ќе се сплотиме станува камен на сопнување. Различното мислење не значи линчување, не значи напад, тоа значи основа за размислување. Нашиот народ рекол „колку јазици зборуваш, толку луѓе вредиш“. Има една вистина и се вика амандман 5 од Уставот на Република Македонија, рече Тунтев.
Повтори дека овој Пределог-закон ниту е менување, ниту значи двојазичност, ниту било какви права некому на надвор од Уставот.
- Ако имате право да зборувате, творите на својот мајчин јазик давајќи го тоа право и на другите не губите ништо од своето национално искуство. Напротив, добивате сонародници со кои заедно го градите општеството. Овој закон е само унапредување на тоа што парламентарното мнозинство го започна во 2001, 2008 и 2011 година, рече Тунтев.
Обраќањето на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски помина во лично реплицирање и докажување со пратеникот Тунтев за тоа дали Предлог-законот е уставен, значи официјализирање на албанскиот јазик на целата територија и, двојазични униформи, банкноти и двојазично комуницирање на државните институции.
Димовски запраша каква е таа слобода што носи казни само за еден јазик, ако не се говори албански јазик.
- Втората нелогичност е како тоа имаме Закон, а сега носиме друг закон ако овој закон не е поразличен од тие во 2008 и 2011 година кои ги собра сите материјални прашања. Овој закон е противуставен. Тргнете го европското знаменце и дадете го на расправа. Законот не е неуставен, туку се потсмева со Уставот и Охридскиот рамковен договор. Ова се прави по скратена постапка, а треба да се дебатира, изјави Димовски.
Според Фадил Зендели од БЕСА, законот треба да биде сеопфатен, но тоа, како што рече, го гледа во овој предлог.
- Предлог законот е унапредување, но не и официјализирање. Сите заедно треба да се однесуваме одговорно. Мултиетничкото општество треба да биде и мултиетничка држава како што предвидува Охридскиот рамковен договор. Шеснаесет години по потпишување ние се уште расправаме. За жал, ќе расправаме и понатаму зашто овој предлог закон не го опфаќа тоа. Ние само го унапредуваме албанскиот јазик, но не го официјализираме на територијата на целата држава, изјави Зендели.
Додека претседателот на Комисијата Арбен Груби го отвори гласањето, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски се обиде да побара во процедурална забелешка гласањето да биде поединечно, што не беше прифатено.
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за заштита на лицата постари од 65 години за време на горештините
-

„Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија раскажани низ музика и сцена
-

Дваесет и пет години од од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски бачила
-

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија
-

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Младенов: Отфрлениот план од Нетанјаху за Газа е „единствениот пат по кој треба да се оди“
-

Тебас: За мене, времето на Инфантино е одамна поминато
-

Нискиот водостој се заканува да ја прекине пловидбата по Рајна и да ја подели реката на два дела
