Загрижува растот на ЕУ-скептицизмот во Западен Балкан

Загрижува растот на ЕУ- скептицизмот во Западен Балкан, но сепак е прашање на време кога регионот ќе се интегрира во ЕУ.
Ова е заклучокот на панелистите на тема "Надминување на препреките на евроинтегративниот пат" на првиот ден од Белградскиот безбедносен самит.
"Јас сум загрижена за растот на ЕУ скептицизмот поради постојаното одложување на стартот за преговори", рече Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Советот за регионална соработка.
За претставниците на Унијата ЕУ перспективата на Западен Балкан е реалност. Најважно е да се надмине пречката од Бугарија и Северна Македонија и Албанија да започнат преговори час поскоро, беше истакнато на Форумот.
"Загрижени сме што се зголемува ЕУ скептицизмот. Точно е дека дел од државите од Западен Балкан не ги испорачуваат реформите доволно бргу, но ниту Унијата не го прави тоа кога станува збор за ветеното. Србија бргу напредува, Северна Македонија и Албанија сторија се што е неопходно, но и натаму се во чекалната. Сепак, не е прашање дали, туку кога ќе станат дел од Унијата", рече Тасос Чацивасилеу, советник на премиерот на Грција.
Учесниците на Белградскиот безбедносен форум се сложија дека тоа што Западен Балкан ги ужива европските фондови значи дека Унијата инвестира во своите идни членки и тоа е показател дека регионот е дел од Европа.
Ова е 11-ти Форум, а годинава се одржува под мотото "Човештвото ставено на испит"'. Белградскиот безбедносен форум продолжува и следните два дена, а учество ќе земат над 80 експерти од различни сфери.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
