Заев во Анкара на средби со Ердоган и Јилдирим

Премиерот Зоран Заев во рамки на официјалната посета на Република Турција денеска ќе има средба со премиерот Бинали Јилдирим.
Турскиот премиер Јилдрим ќе официјално ќе го пречека Заев, а потоа двајцата премиери ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следува и средба на делегациите од Македонија и Турција. Јилдирим и Заев потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција.
Во текот на денот, премиерот Заев предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието на Република Турција Исмаил Кахраман и со претседателот на државата Реџеп Таип Ердоган.
Заев официјалната посета на Република Турција ја почна синоќа со обраќање пред претставниците на ТОББ, Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција. Тој истакна дека постојат можности за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. Исто така нагласи дека нашата цел е за неколку години трговијата со Турција да биде една милијарда евра.
Како што соопшти владината прес-служба, Заев на официјалната посета е придружуван од министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил, пратениците во Собранието на Република Македонија Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР Виктор Димовски.
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
