Заев: Верувам дека ќе биде исполнет процентот на реализација на капиталните инвестиции

Верувам дека ќе биде исполнет процентот на реализација на капиталните инвестиции и тој ќе биде најмалку на просекот од последните пет-шест години во нашата земја, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали очекува зголемување на процентот на реализација на капиталните инвестиции до крајот на годината, Заев изрази очекување дека процентот ќе биде многу поголем.
– Верувам дека многу ќе биде исполнет процентот на реализација на капиталните инвестиции, заради тоа што сега стигаат и времените и завршните ситуации. Дали се за школите, дали се за градинките, дали се за патиштата, железниците, гасификацијата или слично. Процентот ќе биде многу поголем, заради тоа направивме и ребаланс на Буџетот. Знаете дека еден дел го скративме, се со конечна цел да имаме максимална реализација на капиталните инвестиции. Ќе биде на просекот најмалку, а верувам и малку повеќе од тоа што го има последните пет-шест години во нашата земја, изјави Заев.
Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на настан за промоција на стручното образование и занимања, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, амбасадорката на Швајцарија во РСМ, Сибил Сутер Техада и директорот на УСАИД во РСМ, Ерик Јановски.
Ново на Сител
-

Мицкоски најави намалување на цената на горивата од понеделник
-

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
