Заев: Со Русија сакаме да градиме пријателство

Со Русија сакаме да градиме пријателство, ние сме православни земји, имаме поврзаност со културата, со Охридската архиепископија, имаме многу заеднички работи кои треба да бидат мост за градење на дополнително пријателство. Но за нас нема друга алтернатива освен членството во ЕУ и НАТО, изјави премиерот Зоран Заев вечерва во интервјуто за ТВ 24 вести.
Ние, како што посочи, не влегуваме во НАТО за да отвораме војни. Напротив, ние сме за мир.
- Наши војници се учесници во НАТО мисиите во Авганистан, во Босна и Херцеговина за да го зачуваме мирот. Македонија е горда на сите овие мисии и верувам дека Руската Федерација нема да го ограничи правото на преку 75 отсто од граѓаните со некоја непромислена работа затоа што ние сме одлучиле да бидеме членка на НАТО, истакна Заев.
Во врска со протераниот руски дипломат, Заев рече дека тој недозволиво се однесувал во Македонија, дека бил предупредуван неколку пати, но и натаму вршел активности за кои не бил акредитиран и оти доказите и биле презентирани на амбасадата на Русија.
Посочи дека верува во европските вредности и дека Европа треба да се донесе во Македонија.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
