Заев: Простувањето е битно, но правниот систем мора да важи
Суштината на формирањето на Кооординативното тело за помирување е да помогне во превенирање на политички кризи, во олеснување на пронаоѓање квалитетни решенија за реформите, во нивна имплементација, но и да даде помош во делот на помирувањето заради евентуално политичко мешање во правни процеси, истакна вечерва премиерот Зоран Заев.
Тој одговарајќи на новинарско прашање на брифингот во Владата посветен на Планот 18, во врска со неговите очекувања од работата на Координативното тело и разликата околу термините помирување и амнестија напомена дека нашето општество има серозна потреба од помирување, поради длабоката политичка поделеност.
– Македонија има сериозен успех во интеретничкото обединување, не обединија реформите надежта за интеграцијата во ЕУ и НАТО, но низ годините наназад политичката поделба отиде предалеку. Таа сериозно влијае врз основната клетка на општеството, тоа е семејството. Јас сум сведок, а веројатно сте и вие, на поделени браќа и сестри, политички поделени, има дури и случаи на мажи и жени поделени по таа основа. Тоа е демократски, но сепак не е толку здраво, особено кога гледам колку лична станува дебататата и колку таа може да внесе омраза. Наша обврска е тоа да го смириме, нагласи Заев.
Истакна дека ќе се бара помош и од правните институции, да се најдат правни механизми за тоа што значи помирување, што значи простување.
-Тоа понекогаш значи извинување. На првата средба со новата пратеничка група, со пратеникот Крсто Мукоски имаше извинување од негова страна и од моја и од Талат Џафери и тоа за мене е најголемо простување. Но тоа е до мене, но сепак правниот систем мора да важи, нагласи премиерот.
На прашањето дали смета дека е прифалитво тој да говори за реформи на правосудството, кога во неговата Влада е вицепремиерот Бујар Османи, кој е еден од осомничените во случај на СЈО, Заев одговори дека тоа е уште еден доказ за транспаретноста на Владата и за тоа дека законот важи за сите во државата.
-Бев премиер пред судски процес и го истерав до крај. Почнав како шеф на опозиција и завршив како премиер. Никој не е имун и во иднина сите овие закони прво ќе бидат насочени кон мене. Презумпцијата на невиноста отсекогаш сум ја почитувал без разлика дали станувало збор за мене, за мој соработник, за политички опонент. Само прек транспарентни постапки можеме да дојдеме до конечната вистина и до севкупна констатација дека има владеење на правото. Да беше друго време ова ќе се случуваше тајно, додаде Заев
Ново на Сител
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
