Заев на отворањето на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија

Поврзувањето на земјите од регионот и зајакнувањето на врските со ЕУ се неопходни за едногласна поддршка на европските перспективи на Западен Балкан, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на ЕУ Самитот за Западен Балкан во Софија на кој учествуваат шефовите на држави или влади на земјите-членки на Европската унија и нивните колеги од регионот на Западен Балкан.
Во официјалниот дел од програмата, информира владината прес-служба, премиерот Заев денеска беше пречекан од бугарскиот колега Бојко Борисов, по што учествуваше во сесијата на отворањето на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, со кој претседава претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, во име на ЕУ заедно со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
Претседателот на Владата ќе учествува во работната пленарна сесија на тема „Поврзување“ (Conectivity), а за време на работниот ручек на шефовите на владите и на држави, со највисоките претставници на телата на Европската унија, е планирано да има свое обраќање на тема „Заедничко справување со заканите“.
Во рамките на агендата предвидено е деннеска Заев да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со премиерите на Холандија, Австрија и Шведска, Марк Руте, Себастијан Курц и Стефан Лофвен.
Лидерите на земјите учеснички на Самитот на ЕУ за Западен Балкан се очекува да ја усвојата Софиската декларацијата за Запеден Балкан на ЕУ, како и Софиската агенда на приоритети, која содржи конкретни проекти кои ќе бидат поддржани од ЕУ за да се исполнат зацртаните цели од декларацијата насочени кон зајакнување на владеењето на правото и демократските институции во земјите на Западен Балкан, борбата против организираниот криминал, доброто владеење и почитувањето на правата на малцинските заедници, како и на зајакнување на економските врски меѓу земјите од регионот, и на регионот со ЕУ.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
