Заев: Левица работи против интересите на граѓаните
Постои техничка можност граѓаните со истечени лични карти да можат да гласаат на локалните избори на 17 октомври, но според него поголем проблем претставува приватниот сектор, односно деловните банки, каде што граѓаните имаат проблем да ги повлечат парите во ваква ситуација, кажа премиерот Заев денеска во Јегуновце.
„За жал законот е блокиран од Левица зо амандмани иако БЕСА беше доволно флексибилна да го поднесе амандманот со одложено дејствие од 2023 за етничката определба на граѓаните во личните карти очекувајќи Европа да се изјасни по ова прашање.
Со оваа блокада патат и плачат граѓаните, преку 40.000 лични карти не се издадени а се поднесени барања. Првата можност е со работа на парламентот од 1 септември да се изнајде решение, а втора работа е Министерството за правда со правилници и одлуки да даде можност и со истечена лична карта и без пасош да може да се гласа.
Имало таква можност да се гласа и со истечени лични карти претходно, но проблемот е што граѓаните во банките не можат да земат пензија или социјална помош. Тука се бара решение, а веќе разговаравме на Влада.
Како што рече Оливер Спасовски ние постоиме за граѓаните независно дали сме пратеници, министри или раководители на институции. Ако носиме одлуки да ги блокираме потребите на граѓаните не им служиме добро туку служиме против нивните интереси, тоа во моментот го прави Левица. Разбирам радикално и неодговорно однесување но да нанесувате непоправливи штети на својот народ не можам да разберам“, рече Заев.
Ново на Сител
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
