Заев испрати телеграма со сочувство до Меркел по повод смртта на Кол

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел по повод смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.
- Изразувам длабоко жалење и искрено сочувство за смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, во име на граѓаните на Македонија, на Владата на Република Македонија и во мое име. Граѓаните на Сојузна Република Германија загубија голем човек и политичар кој го препозна обединувањето како вредност и пат што води напред и успеа да ја обедини Германија и да обезбеди стабилна иднина на државата, стои во телеграмата.
Она што го остави овој голем европски државник зад себе, се наведува во телеграмата, е наследство на целиот свет, тоа се мостовите на пријателства со државите и меѓу државите во светот, градени низ мирољубиви политики.
- Како борец на помирувањето, поранешниот канцелар Хол се вгради во темелите на политичката и економската интеграција на Европа. Подаде рака на Република Македонија при процесот на осамостојувањето на нашата држава, со што останува дел и од политичката меморија на Македонија и нејзините граѓани. Визијата на нашиот пријател, Хелмут Кол, за сојузништва меѓу земјите и неговата мудра упорност преку којашто ги надминуваше пречките што изгледаат непремостливи останува пример како низ зрелите политики се постигнува мир, стабилност, безбедност, соработка и просперитет, тоа што и денес им е потребно на државите и на светот, напиша премиерот Заев во телеграмата до Меркел.
Ново на Сител
-

Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори
-

Поранешните директори на Онкологија Васев и Нухи излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
-

Откажани преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија
-

Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри
