Заев: Инвестиции од над 110 милиони евра во обновливи извори на енергија

„Свети Николе прераснува во најпривлечна дестинација за инвестиции во „зелена“ енергија“, порача вечерва од Свети Николе претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Овде веќе имаме потврдено и со одобрение за градба, инвестиција за ветерници од 36 мегавати инвестиција вредна преку 50 милиони евра. Прогласивме стратешка инвестиција од компанијата ЕФТ, фотонапонска централа од над 80 мегавати, проект вреден 60 милиони евра, а само со градоначалникот разговараат инвеститори за инвестиции од над 50 милиони евра. Свети Никола ќе ја брендираме како „зелена“ и еколошка општина, со тоа што ќе носи и приходи и нови добро платени работни места. Преку Интервентниот план за инвестиции, инвестициите ги пренасочуваме кон општините. Целта ни е да донесеме нови работни места и рамномерен регионален развој“, порача Заев.
Претседателот Заев ги повика граѓаните на 17 октомври да дадат поддршка за број 12 за кандидатот Сашо Велковски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата, затоа што тие се гарант дека напредокот на Свети Николе ќе продолжи и во следните четири години.
„За следните четири години заедно со локалната власт ќе обезбедиме чиста вода за Свети Николе преку комплетна реконструкција на филтер-станицата со воведување нова современа технологија како и проширување на капацитетот на филтер-станицата со можност за преработка на големи количини вода до 100 литри во секунди. Децениското барање на младите ќе го оствариме – ќе биде изграден Спортско-рекреативен комплекс. Тоа стана можно благодарение на домаќинското работење и добрата финансиска ситуација. Обезбедени се сите услови за довршување на градбата на затворен градски базен. Ќе изградиме нов модерен градски парк, со пешачки патеки, трим-патека, фитнес-зона, мултифункционално спортско игралиште, со урбана опрема и осветлување и хортикултурно уредување, наменет за сите граѓани. Ете што значи „Најдоброто“, затоа на 17 октомври да гласаме за бројот 12 за Сашо Велковски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата“, посочи Заев.
СДСМ
Ново на Сител
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
-

Детската песна за „Голема Албанија“ поттикна реакции – според АВМУ содржината шири омраза
-

Опозицијата ќе ја известува ЕУ за системска блокада на интеграциите
-

Викендов ќе се знае дали ќе продолжи намаленото ДДВ на горивата
