Заев и Анѓушев во работна посета на Охрид и Битола

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, денеска ќе престојува во работна посета во Охрид и Битола.
Во Охрид, премиерот Заев ќе се обрати на Форумот на преносни систем оператори на електрична енергија на Југоисточна Европа чиј домаќин е акционерското друштво во државна сопственост МЕПСО.
На овој Форум, на кој ќе присуствуваат и претставници на ЕНТСО-Е, односно, Европската мрежа на оператори на преносните системи и кој има за цел креирање на единствен пазар на електрична енергија и негово вклучување во пан-европскиот пазар на електрична енергија, ќе учествува и вицепремиерот Анѓушев.
Премиерот и вицепремиерот потоа ќе ја посетат Битола ќаде ќе учествуваат на работен состанок со претставниците на бизнис-секторот од битолскиот регион на кој ќе ги презентираат мерките за поддршка на мали и средни претпријатија од третиот столб, како и новата мерка за поддршка на пораст на платите до 18.000 денари во трудинтензивни дејности.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
