Заев: Добро е да се постигне консензус за промена на изборниот модел и да важи веднаш
![]()
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е најдобро промената на изборниот модел во една изборна единица што ја иницираа помалите партии, а за која најави поддршка и СДСМ, да се донесе со консензус од сите партии и таа да се применува веднаш за претстојните парламентарни избори. Сепак, според него, чекор напред ќе биде и да се постигне договор таквата промена да важи за следните избори.
– Изборно ветување на СДСМ е изборен модел со една изборна единица, сега на ред е Парламентот. Ако Парламентот преточи измени и дополнувања на Изборниот законик, сме ветиле на јавноста дека сме за една изборна единица, и како СДСМ ќе гласаме. Сакам да го направиме тоа сите, убаво е да се дефинира со консензус, значи и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и другите партии да застанат зад тоа што ќе го договориме, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Владата на која беше промовирана платформата „Отворени финансии“.
Заев верува дека малите партии кои ги водат разговорите ќе направат се што е до нив да ги седнат на маса сите партии и тие да го кажат својот став, како што вели, барем на работни состаноци.
– Јас би бил задоволен ако можеме да почнеме веднаш со нов изборен модел. Тоа за мене е демократија. Една изборна единица значи дека најмногу губи СДСМ, па потоа губи ВМРО-ДПМНЕ, па ДУИ, барем според тоа како сме рангирани според резултатите на последните избори, но добива демократијата и помалите партии и се отстранува можноста за каков било авторитарен режим да во иднина да се случува Но, би бил на крајот задоволен ако договориме и вградиме во Изборниот законик дури и имплементација на нешто и од следните избори, но важно е да направиме чекор. Најдобро е да стартува уште сега, рече Заев.
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
