Заев до Дендиас: Кога бизнисот се развива, граѓаните во нашите две држави ќе имаат и подобар животен стандард

Поддршката која Република Македонија континуирано ја добива од Република Грција на патот на евроатланските интеграции и развојот на трговската размена и инвестициите помеѓу двете држави биле теми на средбата на премиерот Зоран Заев со министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендиас во рамки на неговата официјална посета на државава.
Како што соопшти владината прес-служба, Грција е трет најголем инвеститор во Македонија, а претендира во следниот период да дојде на првото место. Преспанскиот договор е извонредна можност за зајакнување на културните и економските врски помеѓу двете држави.
Министерот Дендиас рече дека без разлика кој е на власт во Грција, секоја влада принципиелно се залага за имплементирање на заклучоците од Солунскиот самит со кој се поддржува интеграцијата на балканските земји во Европската унија. Дендиас додаде дека по барање на премиерот Мицотакис во следниот период ќе ја интензивира својата лоби агенда во европските центри на моќ, во кој ќе бара начин како Македонија што е можно побрзо да го почне процесот на преговори со Европската Унија.

Премиерот Заев се посочува, се заблагодари за севкупната поддршка што ја добиваме од Владата во Атина и се осврна на потребата за зголемување на економската размена, но и подобрување и отворање на нови инфраструктурни канали што треба да ја поддржат бизнис заедницата.
Кога бизнисот се развива, граѓаните во нашите две држави ќе имаат и подобар животен стандард, подвлече премиерот Заев, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
