Заев: Да бидеме сериозни, попис мора и ќе има

Првата седница на Парлемантот е на 14 септември , а пописот почнува на 5-ти. Апелирам да бидеме сериозни. Дваесет години немаме попис. Попис има, мора и ќе има. По 20 години што сме? Држава, нација? Мора да има попис.
Вака премиерот Зоран Заев одговори денеска на новинарско прашање во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да има електронски попис.
Заев уште еднаш нагласи дека пописот е олеснет со електронската база на податоци од кои голем дел ќе бидат само испроверени. Обезбедени се комплетните мерки, екипирани се и попишувачите.
-Се е подготвено за пописот и драго ми е што нашата земја конечно покажува капацитет да спроведе ваква статистичка операција која значи фер, рамноправност, еднаквост во распределбата на економските ресурси, во правото на развојот и во квалитетот на живот за граѓаните. Многу е важно да се спроведе пописот, истакна Заев по увидот во изградбата на мостот „Љублљанска“.
Ново на Сител
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
