За Ердоган американските обвиненија за неговите телохранители е скандал

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги нарече денеска „скандалозни“ обвиненијата на американското Јавно обвинителство против припадници на неговото обезбедување. Дел од обезбедувањето на Ердоган во мај се пресмета со демонстранти кои протестираа за време на неговата посета на Вашингтон.
- Тоа е целосен скандал и скандалозен показател како функционира правдата во САД, изјави Ердоган на новинарите по молитвата по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Турскиот претседател изјави дека американските власти не обезбедиле заштита од членовите на Курдска работничка партијан (ПКК) за време на неговата посета на Вашингтон поради што неговото обезбедување морало да интервенира.
Во инцидентот во мај беа повредени 11 луѓе, а настанот според шефот на полицијата во Вашингтон е оценет како „брутален напад врз мирни демонстранти“ пред резиденцијата на турскиот амабасадор во Вашингтон. Официјална Анкара тогаш тогаш за инцидентот ги обвини курдските милитанти.
Пред два дена американското Јавно обвинителство покрена обвиненија против 22 членови на обезбедувањето на турскиот претседател кои што користеле насилство кон Курди, Ерменци и Јазиди, кои што најавено демонстрирале против кршење на човековите права и политиката на Анкара кон Сирија.
Ново на Сител
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
-

Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица
-

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
