За две недели НАТО „пристигнува“ во Тирана

Пратеникот на владејачката Социјалистичка партија на Албанија и претседател на албанската делегација во НАТО, Пандели Мајко најави дека за две недели во Тирана првпат ќе се одржи заседание на Парламентарното собрание на Алијансата, на кое ќе учествуваат 700 пратеници.
- Албанија како земја членка на НАТО ќе го пречека Парламенарното собрание на НАТО. Неговото одржување во Тирана е еден квалитет во промената на меѓународниот статус на Албанија. Ова е прва средба на Парламентарото собрание на НАТО што се одржува во нашата земја, изјави Мајко.
Како што јави дописникот на МИА, Парламентарното собрание на НАТО ќе заседава од 27 до 29 мај. Во текот на трите дена, според Мајко, ќе стане збор за тешките предизвици на Алијасата во иднина.
Албанија, заедно со Хрватска, доби покана за членство во НАТО во 2008 година на Самитот на Северноатланската алијанса во Букуреш.
Ново на Сител
-

Началникот на германскиот Генералштаб, генерал Бројер во посета на АРМ
-

Четири компании аплицирале на тендерот за набавка на електрични автобуси
-

Штип добива прв центар за рехабилитација во истокот
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
