За денеска закажани дополнителни разговори меѓу Украина и САД

Американските претставници се очекува денеска да ја брифираат украинската делегација во Флорида за нивните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва два дена претходно, јавија американските медиуми.
Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, планираат да се сретнат со главниот украински преговарач Рустем Умеров во Флорида, според извештаи на Њујорк Тајмс и Си-Би-Ес Њуз, кои се повикуваат на Белата куќа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно најави планови за нови разговори со американските претставници.
– Ги подготвуваме состаноците во САД откако американскиот тим ќе се врати од Москва и по релевантните консултации во Вашингтон, Рустем Умеров, Андриј Хнатов, заедно со остатокот од преговарачкиот тим, ќе продолжат со разговорите со пратениците на претседателот Трамп, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.
На својот шести состанок со Путин во вторникот, Виткоф го објасни статусот на американските размислувања за мир во војната во Украина. Советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков, по петчасовниот состанок изјави дека не е постигнат компромис.
Русија води војна против Украина повеќе од три и пол години.
Трамп вчера ги оцени разговорите во Кремљ како „многу добри“.
– Претседателот Путин имаше многу добар состанок вчера со Џаред Кушнер и со Стив Виткоф. Што ќе произлезе од тој состанок? Не можам да ви кажам, бидејќи за тоа се потребни двајца, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, додавајќи дека американските претставници имале впечаток дека Путин сака договор за ставање крај на конфликтот.
Ново на Сител
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
