Кошарка
25. October 2015 - 9:42

За „Борче“ НБА останува само сон?!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Бо Мекејлеб не успеа да избори место во тимот на Њу Орлеанс и да заигра во својот роден град во НБА лигата. 
Раководстовото на „Пеликаните“ мораше да го намали бројот на играчи и  се откажа од поранешниот македонски репрезентативец и уште од тројца други кошаркари за да дојде до бројката од 14-мина играчи во тимот. Мекејлеб, кој е роден во Њу Орлеанс, настапи на четири претсезонски натпревари, откако му се приклучи на Пеликанс на 15 октомври. На последниот, против Мајами, помина 12 минути на паркетот и не успеа да се запише на листата со стрелци, но имаше четири асистенции и два скока.