WiFi мрежата ви е бавна? Откријте кој се ја користи!

Поголем дел од WiFi рутерите имаат вклучена заштита во почетните поставки. Ако ја погледнете листата со мрежи достапни во ваша близина, веројатно повеќето се заклучени. Сепак, некои рутери емитуваат отворена, незаштитена WiFi мрежа со која може да се поврзе кој било и да ја користи без да внесува лозинка.
Како да ги откриете провалникот во вашата WiFi мрежа?
Најдобар, ако не и наједноставен начин е логирање во вашиот рутер и користење на неговиот интерфејс за да проверите кои уреди се поврзани. Тоа можете да го направите и со вашиот мобилен телефон, но се препорачува за таа цел да го користите компјутерот или лаптопот затоа што имаат поголем екран и затоа што мнозинството рутери не се оптимизирани за пристап со мобилен телефон. Во полето за пребарување во програмата преку која пристапувате до интернет-страниците (без разлика дали тоа е Chrome или Mozilla Firefox) внесете 192.168.1.1 и притиснете Enter. Тоа ќе функционира за повеќето рутери, иако е можно некои модели да користат друга IP-адреса. Ќе ја пронајдете на самиот рутер или во упатствата за употреба. Рутерите меѓусебно се разликуваат, но сите би требало да имаат можност за прегледување на поврзаните уреди. Вас ве интересираат оние што се поврзани на WiFi мрежата, па одберете ја таа опција или обидете се да ја филтрирате листата така што ќе го добиете она што ви треба.
Кога ќе ја отворите листата, веројатно за секој уред ќе пронајдете три податоци: IP-адресата, MAC адресата и името.
Имајте на ум дека одредени уреди можат да ја прикажат и листата на сите поврзувања во историјата, а не само моментните. Тоа значи дека не треба веднаш да паничите ако забележите дека на мрежата се приклучени уреди на луѓе кои не се присутни во тој момент. Но, секако, треба да откриете дали можете да го препознаете секој уред што се поврзал. Тоа може да бара малку повеќе напор, па од корист би ви биле алатки како можности за филтрирање по MAC адреси. Ако откриете некој што не би требало да го користи вашиот интернет, веројатно вашите безбедносни поставки не се наместени на соодветен начин, па соседите или минувачите можат да се поврзат со вашата мрежа. Затоа повторно логирајте се на вашиот рутер и приспособете ја лозинката. За дополнително ниво на безбедност, можете да активирате и филтер кој на мрежата ќе пушта само уреди со одредени MAC адреси. Ќе прашате што е тоа MAC адреса. Тоа се низа бројки и букви и таа низа е единствена за вашиот уред. Можете да ја најдете на лепенката на уредот или во менито со поставките. Ако поставите таков филтер, вашиот WiFi ќе можат да го користат само оние уреди што ќе бидат препознаени од рутерот.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
