Вучиќ: Хашкиот трибунал не работи во интерес на помирувањето

Целта на Хаг беше да дојде до помирување, но тој Суд не ја исполни основната цел и само ги закова клинците во ковчегот на заспаниот Балкан, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ.
- Србија е на крстосница, политичка, економска и морална. После години потрошени на војни, ограбувачки приватизации, корупција и рецесија, успеавме да го запреме натамошниот пад на земјата и да го кренеме нашиот углед, како во регионот, така и во светот, изјави Вучиќ.
- Токму кога отвораме нови поглавја со ЕУ и кога успеавме да го намалиме дефицитот и да го кренеме стандардот...во тој момент дојдоа новите политички турбуленции, за кои Србија ниту е виновна, ниту е одговорна, посочи српскиот премиер.
Вучиќ потенцираше дека тој нема никаков проблем со лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, туку со неговата политика, оценувајќи дека таа политика ја турка Србија во минатото, во нестабилност, во проблеми и маки и економски потешкотии.
- Таа политика би не изолирала од сите на Балканот, но и во Европа, оцени Вучиќ, додавајќи дека секогаш ќе се спротиставува на таа политика, пренесува Танјуг.
Претседателот на српската Влада истакна дека Хаг донел многу пресуди за кои другите не зборувале, како и пресуди за кои не се зборувало во Србија, што најдобро ја покажува сликата за Хашкиот трибунал „дека дејствува како политички суд, а не како правна институција“.
Вучиќ оцени дека процесот на Хашкиот трибинал против Шешељ од почетокот недвосмислено бил политички, а не правен процес, „и кога го бараа во Хаг, и кога предвремено го пуштија и повторно го бараа“.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
