-->
-->
Втора победа на одбојкарките на СВСК во финалето од плејофот
-->

Екипата на Сити Волеј Славков Куманово (СВСК) ја оствари втората победа во финалето од плејофот на домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција.
Во третиот меч против актуелниот бранител на шампионскиот трофеј Јанта Волеј, одигран вечерва во салата средното економско училиште „Перо Наков“ во Куманово, одбојкарките на СВСК по голема борба забележаа победа со 3-2 во сетови.
Иако гостинската екипа имаше предност од 2-0 во сетови, сепак избраничките на тренерот Славков не се предадоа, па во продолжението успеаја да освојат три сета и тоа решавачкиот со 16:14.
Со овој „брејк“ триумф тие поведоа со 2-1 во победи, па сега ги дели само уште една победа до освојување на титулата, односно двојната круна.
Првата од двете можности ќе ја имаат веќе среда (17 мај) кога ќе се игра четвртиот меч, додека евентуалната мајсторка, односно решавачки петти натпревар би се играла на 20 или 21 мај (сабота или недела). Двата натпревари ќе се играат во Скопје.
Потсетување дека одбојкарките на СВСК триумфираа во Купот на Македонија, откако во финалето беа подобри токму од екипата на Јанта Волеј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Илјадници полицајци распоредени околу седиштето на ОН за време на Генералното собрание во Њујорк
-

Седници на три собраниски комисии
-

Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500
-

Сончево со мала локална облачност и студено утро
-

Светско првенство во киксбокс: Бабовски победи, Смилевски загуби, Илковски се повреди
-

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина и почеток на ерата на супер-интелигенцијата
-

82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
-

Пациент тврди дека бил претепан од болничар, од установата пријавиле дека паднал од кревет
