-->
-->
Втор триумф на нашите кошаркари на „Трофејот на Македонија’’
-->

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација ја оствари и втората победа на „Тофејот Македонија“ што се одржува во Скопје.
На вториот натпреварувачки ден на меѓународниот турнир што се игра во СЦ „Борис Трајковски“ македонските кошаркари ја совладаа селекција на Холандија по продолжение со 78:72 откако регуларниот дел заврши нерешено 61:61. По четвртини резултатот гласеше: 9-20, 21-19, 11-14, 20-8, додека дополнителните пет минути црвено-жолтите ги добија со 17-11.
Со постигнати 23 поени најефикасен во редовите на нашата репрезентација беше капитенот Војдан Стојановски. Александар Костовски постигна 13, искусниот Ѓорѓи Чековски придодаде 11, а со својата игра се истакна и Бобан Стаиќ кој покрај 9 поени имаше и забележителна улога во одбраната каде оствари 5 украдени топки.
Претходно Босна и Херцеговина беше подобра од Португалија со 63:58.
Така победникот на „Трофеј Македонија“ ќе биде решен на денешната средба меѓу Македонија и БиХ која ќе се игра од 18 часот, додека Португалија и Холандија (од 20.30 часот) ќе играат за пласман на третата позиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
