Втор ден од расправата по Предлог-буџетот за 2018 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата по Предлог-буџетот за 2018 година што започна вчера.
Пред Комисијата Предлог-буџетот вчера го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски кој најави трошење на народните пари на вистински мерки кои ќе придонесат за подобрување на економијата и животот на граѓаните, а не, како што рече, на расипништво и непотребни проекти.
- Во Предлог-буџетот за 2018 година се предвидени повеќе средства за клучните столбови на општеството: повисоки плати во Армијата, здравството, образованието и детската грижа. Има повеќе средства за приближување до НАТО стандардите, за поддршка на домашните претпријатија и за мерки за вработување, како и за капитални инвестиции. А има и за враќање на претходно земени долгови и на затекнати неплатени обврски, истакна Тевдовски.
Според министерот, Предлог-буџетот на Република Македонија за 2018 година е најдобра рефлексија на ангажманот на новата Влада за постигнување на клучните цели и приоритети на општеството како повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО.
Според парламетнарното мнозинство, предложеникот буџет е граѓански, креиран на реални проекции и со него почнува со финансиска и економска стабилизација, за опозицијата е дека не е реален и реформски.
- Со буџетот за 2018 се почнува со финансиска и економска стабилизација на Република Македонија. Повеќе пари се наочуваат кај граѓаните и стопанството, да се унапреди македонсакта еконоија, животот и здравјето на граѓаните, рече Васко Ковачевски од СДСМ.
Додаде дека се инвестира во општеството, обрзованието, здравството, дека им се помага на сите граѓани, а држвата се доближува до ЕУ и НАТО.
За Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ многу самоуверено и сомногу леснотија и без никаква детална анализа се оди со идејата дека ова е најразвоен и најреформски буџет.
Праша во кои компоненти е најразвоен и зошто е проектиран најголем буџет досега кога сите потпреседатели и економски експерти на СДСМ во изминатиот период говореше дека РМ нема капацитет, односно нема можност да реализира буџет поголем од три милијарди евра.
Расправата во Комисијата за финансирање и буџет трае 10 дена. По предложениот текст има поднесено вкупно 279 амандмани.
Ново на Сител
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
-

Почната е постапка за јавна набавка за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток
-

Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден
-

Кривична пријава за повеќе лица и две фирми од Гостивар, граделе без дозвола и фалисификувале документи
-

Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, дел ќе се враќаат со чартер летови, дел со владиниот авион
-

Утре облачно со локален дожд, а потоа сончево и топло до 18 степени
