Врз основа на една изјава не постои можност да се добие државјанство, вели Николовска
Врз основа само на една изјава, не сум сигурна дека постои можност да се добие државјанство, истакна судијката Маргарита Цаца Николовска во гостувањето во Дневникот на Сител одговарајќи на прашање поврзано со предлогот на албанската опозиција за промена на Законот за државјанство.
Вели дека таа изјава значи нешто, но потребни се и други докази кои што би покажале одредена состојба или исполнување на одредени услови за добивање на државјанство.
- Правото на државјанство е право коешто не е покриено со Европската конвенција за човекови права. Меѓутоа, државјанството како основ за стекнување на одредени права, коишто има обврска државата да ги остварува кон државјаните и кон другите, да. Имало случаи, и ќе има случаи. Меѓутоа, самото стекнување на државјанство е нешто што е сфера кадешто државата сама одлучува на своите услови, врз основа на тоа што е легитимна цел за една таква правна одлука. Што е главниот рамковен правен акт, а тоа е Уставот. И тоа што е најважно, што ситуацијата во одредена држава дава како можност или не дава како можност, или опасност од зголемување или намалување на бројот на државјаните во одредена држава, рече Николовска.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
