Возот ТГВ Стразбур-Париз со голема брзина излета од шините, десет повредени

Возот ТГВ што го поврзува Стразбур со Париз излета од шините изутринава во 7:30 часот, во близина на Ингенхајм во Докна Рајна, десет лица се повредени меѓу кои и машиновозачот, јави дописникот на МИА.
Возот не излезе целосно од шините, туку само првите четири вагони. Според жандармеријата, 10 лица се повредени, вклучувајќи го и возачот, кој е со посериозни повреди.
СНЦФ – државната железница, им соопшти на патниците дека несреќата се должи на слегнување на насипот во кој удри возот. Компанијата потврдува за Франсинфо дека според првите елементи, предниот погон на ТГВ удрил нешто. „Тоа е редок настан“, велат од компанијата.
СНЦФ гарантира дека нема прекин на сообраќајот на ТГВ, само неколку одложувања. Всушност, возовите се пренасочуваат кон класичната линија.
Возот ТГВ се движи по специјално изградена пруга со просечна брзина од околу 300 километри на час.
Ново на Сител
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
-

Направен 1,1 километар од патот Отовица-Сојаклари, во близина на велешко езеро „Младост“
-

СЗО: До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници
-

Ѓорѓиевски: По три децении лажни ветувања, денес Горно Оризари, конечно, добива достојни услови за живеење
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
-

Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар
