Живот
17. January 2017 - 21:19

Вознемирувачко: Унаказен за цел живот - електронска цигара му експлодираше во уста

Американецот Ендрју Хол остана без седум заби и се здоби со бројни провреди на лицето и усните, како и изгореници кога електронска цигара му експлодирала во уста.

Eksplodirala elektronska cigareta

Ендрју Хол изгледа нема среќа кога станува збор за одвикнување од пушење/

Преминал на поздравата варијанта, електронската цигара, а минатиот викенд поради тоа изгубил 7 заи и се здоби со повеќекратни повреди на лицето, устата, грлото, вклучувајќи и изгореници од втор степен.

Eksplodirala elektronska cigareta

За овој случај се исповедаше на Фејсбук, каде и објави фотографии за тешките повреди.

Освен што експлозијата на електронската цигара предизвикала телесни повреди, таа разнела и дел од лавабото и оставила траги на ѕидот од тоалетот во домот на Хол.

Eksplodirala elektronska cigareta

Тој напиша дека цигарата ја користел според сите правила и дека со оглед на тоа дека ја користи година дена, искусен е кога е во прашање нејзината употреба.
Eksplodirala elektronska cigareta

Како што вели, сето ова го прави за да ги предупреди другите корисници што може да им се случи.