-->
-->
Вонредна временска прогноза - Не очекуваат нови промени со времето
-->

Во среда од претпладне ќе дува повремено засилен јужен ветер поизразен во западните делови од земјата, а потоа од запад брзо ќе премине влажна и постудена воздушна маса, од која ќе има повремени врнежи од дожд понекаде и со умерен интензитет. Локално и особено на запад ќе наврнат околу 15 литри на квадратен метар. На високите планини врнежите ќе се од снег. Во попладневните часови ќе започне да дува северозападен ветер кој исто така повремено ќе засилува особено вдолж Повардарието. Дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени.
И во Скопскиот регион во среда најпрвин ќе дува повремено засилен јужен ветер, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд повремено со умерен интензитет. Овие врнежи ќе завршуваат до крајот на денот, а попладне ќе започне да дува северен и постуден, повремено засилен северен ветер.
До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време а ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, со благ пораст на дневните температури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
