Македонија
11. August 2026 - 16:29

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава

Намален бројот на туристи во првата половина од годината. Статистиката објави дека лицата кои ја посетиле земјава е помал за половина процент во споредба со лани. Најчести гости биле од соедството – Турција, Србија, Бугарија, но и од Германија. Бројките се очекувани, велат експертите од туристичкиот сектор.

Војната на Блискиот Исток и високата инфлација се причините што голем број граѓани ги одложиле плановите за патување - не само кај нас, туку и во цела Европа.

-За жал, во првата половина од годината, заради војната на Блискиот Исток ги изгубивме азиските туристи. Голем број авиокомпании ги одложија летовите, а поради зголемената цена на транспортот и високите цени на авоибилети, голем број граѓани ги откажаа плановите за патување, изјави Влатко Сулев, претстедател на Национална Асоцијација за дојдовен туризам.

Ако војната потрае, а инфлацијата не се стабилизра, не се оптимисти дека ќе има подобри бројки втората половина од годината. Проблемот не треба да се бара само во надворешните фактори, туку и дома – нелојалната конкуренција во овој сектор и неажурноста на инситуциите да се справат со неа.

-Не може бројот на простигнувања на гости на аеродромите да бележи раст од 30, 40%, а да се намалува бројот на туристи кои ја посетиле земјава. Има висока сива економија во овој сектор и мора да се справиме со неа, за да имаме реални бројки. Овие бројки мислам дека не се реални, додава Сулев.

Можности за развој на туризмот има многу, вели Сулев, недостасува поголема промоција на земјава, но и Стратегија за развој, на која веќе се работи, како и поголема соработка на надлежните институции со приватиот сектор.