Во Зоолошка во Сиднеј, пет лава избегале од својот кафез
Зоолошката градина „Таронга“ во Сиднеј, Австралија, соопшти дека пет лава – еден возрасен и четири младенчиња, коишто побегнале од својот ограден простор, биле пронајдени близу нивниот кафез со опасност да отидат каде што не треба во самата градина. Зоолошката беше привремено затворена заради безбедност.
„Зоолошката градина има строги безбедносни протоколи за ваков инцидент и веднаш беше преземена акција. Редовно спроведуваме вежби за да се осигураме дека сме подготвени. Сите луѓе кои се најдоа на местото беа преместени на безбедно. Инаку, четири од лавовите мирно се вратија во своите живеалишта, а едно младенче беше безбедно успиено. Младенчето сега е будно и добро“, се вели во соопштението на Зоолошката.
Се истражува како животните го напуштиле својот ограден простор, но состојбата сега е под контрола.
Ново на Сител
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
