-->
-->
Во Велешката Итна помош набавено ново теренско возило
-->

ЈЗУ Здраствен дом од Велес за службата на Итна помош од сопствени средства набави ново теренско возило „лада нива“ вредно 790 илјади денари, а кое е наменето за високите делови на градот и за теренска работа во селата во велешко и Општините Градско и Чашка.
Како што денеска појасни за медиумите д-р Тања Самаракова директор на ЈЗУ Здраствен дом Велес, ова возило им е неопходна за работа во зимски и отежнати услови посебно за високите и стрмни реони на Велес.
-Тешко се стигнува и до високите делови на Велес, па за домашните посети сега ќе одиме со ова возило. Набавуваме возила кои ќе одговорат за конфигурацијата на теренот во градот. Со ова возниот парк на сужбата за Итна помош ни е комплетно обновен, информира директорката д-р Самаракова.
Службата на Итна помош од Велес има целосно обновен возен парк со десетина возила,а уште едно возило кое е постаро од пред 13 години „фиат темпра“ ќе биде сменето со ново во 2016. Целта за осовременување на возниот парк, рече таа, е навремено и најбрзо пристигнување на медицинските екипи на Итна помош до пациентите и пружање на Итна медицинска помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Решението за транспортерите се движи во насока на издавање долгорочни работни визи
-

Се претставил како директор на компанија што тргува со крипто валути, 32-годишник измамен за 340.000 денари
-

Мерц: Германија не е дел од војната со Иран
-

Мицкоски најави поевтинување на нафтените деривати за околу 2,5 денари во текот на денот
-

Тешко повредена кавадарчанка во сообраќајка на росоманска територија
-

18-годишник во Тетово се заканувал на ученици дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето
-

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди
-

Пост од 24 часа: Придобивки и здравствени проблеми
