Во Велес од 1 ноември четврта акција за собирање електронски и електричен отпад

Општина Велес, ЈКП „Дервен’ и „Нула отпад“ – Скопје од 1 ноември до 1 декември годинава во Велес ќе ја спроведат четвртта годишна Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема.
Како што појаснуваат од Општина Велес, за таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечатила информативен леток кој веќе се дистрибуира со сметките за комунални услуги до граѓаните.
Од Општината информираат дека сите правни и физички лица кои во своите домови и објекти поседуваат отпадна опрема од: големи домашни апарати, мали домашни апарати компјутерска опрема, електронска опрема, опрема за осветлување, електрични и електронски апарати, електронски играчки и опрема, кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони, батерии и акумулатори, да се јават на телефонскиот број 070/233-768, секој работен ден од 07:00 до 14:00 часот.
Отпадот од електрична и електронска опрема ЈКП „Дервен“ бесплатно ќе го превземе од нивните домови и при тоа на граѓаните ќе им издаде изјава за примопредавање.
–Приклучете се во акцијата за почист Велес. Отпадот ќе заврши на соодветно место во согласност со закон, а не на јавните површини во градот, апелираат до граѓаните од Општина Велес.
Ново на Сител
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
-

Трибина за органодонорство во Кавадарци - еден донор може да спаси 8 животи!
-

Започнува конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата во село Мокрино, општина Ново Село
-

Меѓународна конференција за зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
