Во Велес изградени првите подземни контејнери

Општина Велес ги изгради првите два подземни контејнери на локација наспороти паркингот кај Тетарот во Велес.Тоа се првите два од 18 подземни контејнери кои треба да се постават на повеќе локации во централното градско подрачје, со цел сметот да не се расфрла како што е случај со стандардните отворени контејнери и со тоа да се заштити животната средина и да не се нагрдува сликата на градот.
Како што појаснуваат од Општина Велес подземните контејнери се изградени во согласност со просторот, а без притоа да се наруши основната намена на тој простор.Тие се еколошки подобри за разлика од постоечките отворени на овие локации во градот.
Станува збор за контејнери за прифаќање на отпад со волумен од три метри кубни, од кои најголем дел односно две третини од контејнерот ќе биде вкопан во земја, а само една третина ќе биде над површината –надвор.
Ново на Сител
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
