Балкан
5. November 2016 - 15:32

Во Турција две деца загинаа во експлозија, а четири се повредени

Две деца загинаа денеска кога експлодирала бомба, која ја подметнале припадници на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во турската провинција Ширнак, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер.

Во експлозијата се повредени четири деца, се додава во соопштението.

Претходно денеска турските власти именуваа нов градоначалник во локалната управа на Ширнак.