Во Торонто вечер за поддршка на весникот „Македонија“

Во банкет салата на Катедралната македонска православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто се одржа вечер за поддршка на единствениот редовен месечен весник во Канада „Македонија’’, кој се издава веќе 34 години.
Основач и уредник 29 години на ова најпопуларно македонско месечно издание во Канада беше Танас Јовановски, а од пред пет години го наследи естрадниот уметник и новинар, Соња Лозановска, актуелен главен и одговорен уредник на весниот „Македонија“.
На вечерта посветена на весникот „Македонија“ присуствуваа бројни соработници, пријатели, поддржувачи, дипломати, преставници на македонските здруженија, организации, македонските православни цркви, медиуми и поедници, како и дарители кои придонесуваат за зачувување на македонскиот идентитет, култура, пишан збор и традиции во Канада и пошироко.
Весникот „Македонија" има посебно место во новинарството меѓу иселеништвото во Канада и пошироко во дијаспората. Тој 34 години е вистински афирматор на Македонија и македонскиот народ, со изразена национална и благородна мисија, особено меѓу Македонците во Торонто и околината. Тој е еден од весницити во Канада што ги афирмира македонскиот мајчин јазик, литературата и културата, како и активностите и достигнувањата на повеќе од стотина илјади Македонци во Канада.
Програмата на вечерта посветена на весникот „Македонија“ беше збогатена со настапот на ансамблот „Македонка“, најстариот и најпознат македонски фолклорен ансамбл во Канада, кој постои од 1959 година, настапија и естрадните уметници Фана Шомова и Мери Мајнас, како и познатиот македонски оркестар „Децата од Буф“.
Ново на Сител
-

УЈП: Краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април 2026 година
-

Родители од Делчево дозволиле нивните малолетни ќерки да живеат во вонбрачни заедници, едната од нив била силувана
-

Затвореник измамен за 890.000 денари, му било ветено дека ке му се намали казната
-

При обид да одглави заглавена сајла на кран 48-годишен работник загина во Тетово
-

Кривична за полициски службеник: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот
-

Пронајдена неексплодирана топовска граната од Првата светска војна со калибар од 75 мм
-

Јаневска: Многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет
-

Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законските измени за укинување на техничката влада
