Во текот на денешниот ден се очекува да се повлечат тракторите од граничниот премин Евзони

По 53 дена поминати на блокадата, во текот на денешниот ден се очекува грчките земјоделци заедно со нивните трактори да се повлечат од граничниот премин Евзони кон нашата земја.
Грчките земјоделци, по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, одржаа состаноци на блоковите го разгледаа исходот од разговорите и донесоа одлуки постепено да се повлечат од патиштата и граничните премини.
До утре се очекува сите земјоделци да ги тргнат тракторите од улиците.
Земјоделците од делови на северна Грција на 1 декември ги паркираа нивните трактори на грчката страна од граничниот премин Евзони и подолг период, на неколку часа го блокираа сообраќајот на сите возила за влез и излез од земјата.
Денеска земјоделците ќе се повлечат од Евзони, а во текот на следниот месец веројатно ќе се сретнат со министерот за земјоделство Костас Циарас.
Протестите на земјоделците од цела Грција започнаа на 30 ноември со постепено поставување блокади на клучни локации на автопатиштата во земјата, но и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и кон Турција.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
