Во тек е конзервација на бедемот на Баргала кај Штип

Со финансиска поддршка од Министерството за култура, во тек е конзервацијата на бедемот на еден од најрепрезентативните археолошки локалитети во Македонија, Баргала кај Штип. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Штип интензивно работат на конзервација на 210-метарскиот североисточен бедем на овој значаен археолошки локалитет кој датира од четвртиот до шестиот век. Според предвидениот план, во тек е конзервацијата на четвртата делница од бедемот со должина од 22 метра.
Минатата година заврши третата фаза од конзервацијата, а беа конзервирани и реставрирани неколку важни наоди, меѓу кои и печки за стакло и за метал. Со реализацијата на проектот за конзервација на североисточниот бедем, ќе се овозможи зголемена репрезентативност на локалитетот, како и поголема посетеност од страна на домашни и странски посетители.
Археолозите од штипскиот музеј во моментов работат на други проекти, меѓу кои се и: истражување на објектот кој служел за верски обреди - екстрамурос, кој се наоѓа надвор од ѕидините на локалитетот Баргала; конзервација на 30 икони од црквата „Усление на Пресвета Богородица“ каде што ќе се етаблира нова галериска поставка на икони, како и издавање на повеќе публикации од етнологија, историја и историја на уметноста, соопшти Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
